Радио Милева
интимно и незаборавно

Родителите не дошле, а немала ни венчаница: Погледнете во што Драгана Мирковиќ пред 23 години се омажила за Тони (фото)

Родителите не дошле, а немала ни венчаница: Погледнете во што Драгана Мирковиќ пред 23 години се омажила за Тони (фото)
фото:драгана мирковиќ/инстаграм

Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ си ветија вечната љубов на 28 септември 2000 година во Виена, но свадбата, според нивната желба, се одржа без помпа. Многу години подоцна, фолк ѕвездата откри како изгледал тој важен ден.

‒ Кога јавноста дозна, реков „да, така е“ и испратив само една фотографија од нас. Се венчавме во општината, беше скромна прослава. За време на санкциите, никој од моето семејство не можеше да дојде затоа што не можев да обезбедам виза.

‒ Немав можност да го сторам тоа додека не се омажив, иако Тони по раѓање е австриски идржавјанин. Дури ни целото негово семејство не можеше да присуствува, па бевме дваесетина. Иако ми недостигаа моите најблиски, ја направив најубавата и најромантичната свадба. Едноставно, толку искрено сакав и бев среќна, што ми беше сосема доволно – открила Драгана во една емисија.

Дека свадбата на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ била поинаква во се’, доказ е и креацијата што ја носеше пејачката. Имено, таа не избра класична венчаница, туку комплет во форма на краток фустан и проѕирна наметка.

фото: Privatna arhiva/Hellomagazin.rs

Останати вести од Радио Милева