Радио Милева

Ричард Гир го доби второто дете со 33 години помладата сопруга

Ричард Гир го доби второто дете со 33 години помладата сопруга
фото: ројтерс

Ричард Гир (70) и неговата сопруга Александра Силва (37) го добија второто дете и според пишувања на шпанските медиумите во нивното семејство пристигнал уште еден син.

Парот долго време криеше дека Александра е бремена, па вестите дека ќе станат родители се појавија во ноември претходната година.

фото: профимедиа

Ричард и Александра се венчаа во април 2018, а во август истата година соопштија дека го очекуваат своето прво дете. Во февруари 2019 година парот го доби синот Александар.

Тогаш Ричард изјави дека не се грижи што станал татко на тие години и дека сака секогаш да биде покрај синот.

Од претходните врските и двајцат имаат деца, Ричард го има синот Хомер, а Александра синот Алберт.

 

Останати вести од Радио Милева