Радио Милева
волшебно

Празнична магија како од бајките: Александар Јосифовски го има највпечатливо украсениот дом во Охрид (фото)

Празнична магија како од бајките: Александар Јосифовски го има највпечатливо украсениот дом во Охрид (фото)

Иако поминаа Нова година и Божиќ, празничниот дух се уште е тука…

Празничните декорации ќе стојат се до стара Нова година и Василица, ако не и повеќе. Познатите Македонци годинава како и секоја претходна го покажаа својот празничен амбиент во домот, но рокерот Александар Јосифовски ги помина сите.

Поранешниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“ годинава се потрудил да создаде вистинска магија од декорацијата со која му е украсена целата куќа и дворот.

Од приложеното се гледа дека е посветено доста внимание и е вложен многу труд, а фантазијата била пуштена на најјако.

Налик на некој боќично – новогодишен филм, Јосифовски го има еден од највпечатливите имоти во Охрид.

Пејачот иако периодов има доста настапи, кога ќе си дојде дома сака уште на влезот и првиот поглед да ја почувствува домашната магија создадена од сопствени раце, па и она дека никаде не е како дома.

Инаку, Александар на крајот од декември го најави својот нов сингл „Још дан за нас“ кој наскоро ќе прозвучи на Јутјуб.

фото: Instagram printscreen/ alexandarjosifovski/ Privatna arhiva

Останати вести од Радио Милева