Промотер

Полина Тасева умее да ви го покаже сопствениот одраз во – „Огледало“ (ВИДЕО)

Полина Тасева умее да ви го покаже сопствениот одраз во – „Огледало“ (ВИДЕО)

Атрактивната пејачка Полина Тасева  изминатиов викенд повторно нè почести со нов видео запис, овој пат за баладата „Огледало“ со која настапи на годинешниот „Макфест 2021“.

Иако не освои награда, таа остави силен впечаток со раскошниот глас, убедливиот сценски настап и раскошниот стајлинг.

Музиката и текстот за песната се на Полина и Иван Петровски, кој ги потпишува и аражманот и продукцијата.

Видеоспотот е креативна идеја на Полина и Владислав Гавриловски со кого ова и е трета соработа, по “Игра” и “Сè се врти во круг” кои јавноста одлично ги прифати.

Видеото е дополнително збогатено со танчерката Ангела Богатинова, која го доловува “одразот” на Полина.

И кога ќе се спојат убавината и креативноста на едно место, резултатот е симпатично спакувана видео приказна која ве тера да ја погледнете и по неколку пати.

Како сопствениот одраз во огледало. Како она што сакаме да го видиме, кога гледаме во него… Секој во своето „Огледало“ !