Лице в Лице

По триумфот на нашата Славица во „Ѕвездите на Гранд“ Саша Поповиќ и Ѓорѓе Давид во ексклузивно интервју за Џингл ТВ (ВИДЕО)

По триумфот на нашата Славица во „Ѕвездите на Гранд“ Саша Поповиќ и Ѓорѓе Давид во ексклузивно интервју за Џингл ТВ (ВИДЕО)

И овој пат „Ексклузив“ го задржа епитетот „емисија со екслузивитет“ токму со најновото актуелно издание посветено на најпопуларното регионално музичко талент шоу на овие простори „Ѕвездите на Гранд“. 

По победата на нашата Славица Ангелова пред објективот на камерата имавме можност да разговараме со првиот човек на „Гранд“ жирито, Саша Поповиќ  и менторот на нашата Славица, еден од главните виновници за нејзиниот триумф, Ѓорѓе Давид.

Саша ексклузивно ги откри големите новитети кои не очекуваат од есен во најгледаното шоу на балканот, како сосема нов концепт но и нов визуелен идентитет.

По повод аудициите кое се одржаа во Скопје на почетокот на овој месец, Саша откри и колкав потенцијал има и дали навистина од Македонија може да се создаваат „ѕвезди на Гранд“.

Како бонус интевју во истата емисија говореше и Ѓорѓе Давид, менторот на нашата победничка Славица. За неговиот суров но искрен пристап кон своите кандидати, но и за тоа што навистина се случува во таканаречениот „телевизиски музички талент циркуз“ гледајте во видеото во продолжение.

Останати вести од Лице в Лице