Радио Милева
Проверено...?

Од горда ќерка до распеана фолкерка: Тамара се распејуваше со народњаци, па „случајно“ или „проверено“ испрати скриена порака до одредени бивши фаци?

Од горда ќерка до распеана фолкерка: Тамара се распејуваше со народњаци, па „случајно“ или „проверено“ испрати скриена порака до одредени бивши фаци?

Тамара Тодевска имаше исполнета агенда минатата недела. И приватно и професионално. Најпрвин уште еднаш покажа колку е горда ќерка на својот татко, професорот во пензија Велко Тодевски, чија монографија за виртуозот на контрабас во вид на одбрана на дипломски  испит на една студентска беше промовирана деновиве. Тамара разбирливо  ја сподели огромната радост со својот татко и неговите студенти.

„За мојот татко Велко и неговата музичка извонредност се пишувало и зборувало многу. Но, денеска по којзнае кој пат сум горда ќерка.  Беше задоволство да се присуствува на одбраната на дипломскиот испит на Нора Бајрами, која подготви монографија за виртуозот на контрабасот – Велко Тодевски.


Денеска му дојдоа сите негови студенти, заедно свиреа и се потсетија на деновите минати на Факултетот за музички уметности. Тоа е најдобра потврда за неговата големина, почит и успешна педагошка дејност. Уште долго да те имаме и да нѐ правиш горди сите. Бескрајно те сакаме“ – сподели тамара покрај фотографиите на својот Инстаграм.

Викендот пак, резервиран работно. Во еден од најпознатите скопски ноќни клубови пејачката имаше настап. Во музичката “станица“  невидена турканица да се дојде до билет повеќе и фати подобра позиција за да се проследи настапот на пејачката.

Сосема очекувано кога е во прашање Тамара во чиии изведби уште еднаш скопската публика максимално уживаше. Тамара одново како Торнадо и Нијагара покажа дека суверено хара на сцената, на која оддува и однесе се’ пред себе, оставајќи ги присутните во транс на својот концертен перформанс.

Арно ама уште пред шоуто и да започне, пред пејачката да истрча на сцената, жената имаше свој „предконцертен настап“… И тоа во гримиорната, односно салонот на својот фризер. И додека вештите раце ја дотеруваа, Тамара тргна да се распејува…

А кога Тамара ќе запее, па макар и на фризер,  тоа звучи беспрекорно. Проверено! Е, сега друга работа е што сакаше пејачката да каже со песната?

Тамара се распејуваше со познати народњаци, па „случајно“ или „проверено“ испрати скриена порака до одредени „бивши фаци“?

Фото: Инстаграм/tamaratodevska

Останати вести од Радио Милева