Промотер

„Нокаут“ слават јубилеј, 25 години постоење – „Знаеш ли?“ (АУДИО)

„Нокаут“ слават јубилеј, 25 години постоење – „Знаеш ли?“ (АУДИО)

Оваа година  групата „Нокаут“ слави 25 години постоење, а јубилејот го одбележува  со голема турнеја низ Македонија и веќе издаде еден сингл „Денес, утре, задутре“.

“Набиената агенда на турнејата не го спречи бендот да подготви уште нешто ново за својата публика. Задоволство ни е да го споделиме со вас новиот сингл „Знаеш ли?“ – порачаа од бендот.

Автор на музиката е Никола Перевски, кој воедно работеше и на аранжманот. Текстот го напиша Александар Ристовски – Принц, а  миксот и мастерингот ги потпишува  Дарко Димитров кој ги изработил  во неговото студио „Димитрови“.

Инаку песната е снимена во студио „НК Продукција“, информираат од тимот на Нокаут, канејќи ве премиерно да ја преслушате нивната „Знаеш ли“?