Промотер

Тијана Периќ ќе ве натера да не верувате во туѓите лаги во – „Невера“ (ВИДЕО)

Тијана Периќ  ќе ве натера да не верувате во туѓите лаги во – „Невера“ (ВИДЕО)

По впелатливиот и забележителен настап на последниот „Макфест 2023“ и уште подобриот прием на нејзиниот хит „Бумеранг“ кој се’ уште се врти во домашниот радио етер, „Невера” е новата песна четврта по ред на младата и надежна пеачка Тијана Периќ.

Автор на песната е  композиторот Иле Спасев кој ги напишал, музиката и аранжманот, а се погрижил и  за миксот и  мастерингот, додека стиховите ги напишал Дени Куртовиќ кој што е млад артист и воедно композитор.

Песната е визуелизирана и со видеозапис, а  Тијана повторно одлучи довербата да му ја препушти на проверениот мајстор Александар Ристовски Принц, кој направил еден преубав краток музички филм, во кој Тијана носи креации и накит на македонската модна  дизајнерката Ива Спасовска.

„Невера“ е песната која се одлликува со модерен ритам кој веднаш ве тера да танцувате, а мелодијата на прва влегува во уво, иако е нешто поразлично од досегашните песни.

Инаку Тијана е студент на Музичката академија – 3-та година. Музиката е нејзина љубов уште од најрана возраст. Од неодамна е и дел од тимот на Урбан ФМ радио каде што со околу 30 тина млади артисти водат радио подкасти во живо на You Tube каналот на радиото, улога во која подеднакво успешно се снаоѓа. Наскоро најавува и дует со еден наш артист, а секако веќе размуслува и за следна песна.

Во продолжение слушнете као звучи и проследете како изгледа новото музичко остварување на Тијана, преточено во темата „Невера“.