Живот и Стил

Никогаш не спијте голи преку лето: Докторка објасни зошто тоа е голема грешка

Никогаш не спијте голи преку лето: Докторка објасни зошто тоа е голема грешка

Иако ова може да изгледа како добар избор за вашето тело, излегува дека правите огромна грешка со тоа што ги отфрлате пижамите!

За многу луѓе, спиењето без облека е одлично решение без разлика на сезоната. Меѓу предностите што ги споменуваат се: фактот што ништо не се трие на кожата, не ве сече (на пр. еластичноста на долниот дел од пижамите) и не го ограничува движењето навечер. Тие нагласуваат дека кожата на целото тело (особено деловите кои се покриени со облека во текот на денот) има шанса да „дише“.

Застапниците на спиењето без облека исто така истакнуваат дека кога спиете без пижами, се произведува повеќе окситоцин (хормонот на љубовта што го зголемува либидото) или мелатонин (го регулира деноноќниот ритам на луѓето и „индуцира“ сон).

Експерт со кој разговараше магазинот „Women’s Health“ изјави дека е подобро да носите долна облека или пижами навечер. Зошто? Д-р Софи Босток нагласи дека облеката ќе овозможи потта да се апсорбира. Ако решиме да спиеме голи – дефинитивно е потешко.

– Носењето памучни пижами или било што што ќе ја отстрани потта од вашето тело може да биде многу подобар избор отколку да спиете голи – нагласи д-р Босток. Таа исто така изјавила дека „причината зошто ни е толку тешко да заспиеме кога е топло е тоа што го користиме намалувањето на телесната температура како стимулација за спиење“.

Извор: Попара.мк