Живот и Стил

Неговите настапи вредат милион долари, погледнете магии кои ќе ве остават без здив (видео)

Неговите настапи вредат милион долари, погледнете магии кои ќе ве остават без здив (видео)

Шин Лим има 26 години и е победник на најновата сезона на американскиот „Суперталент“.

Неговите мајстории со карти и останати магионичарски трикови го освоија жирито, но и цела Америка, која гласаше за него.

Шин освои прво место на шоуто „Америка има талент“, доби своја претстава во Лас Вегас и парична награда од милион долари.

Многумина се обидуваат да ги одгатнат неговите трикови, но никому не му оди. Шин во 2015 година добил и титула светски првак во изведување трикови со карти.

Неговите трикови се уметност, велат оние кои ги виделе неговите изведби во живо, а прилично се фасцинирани и на „Јутјуб“.

Овој магионичар има синдром на карпален тунел, поради што морал да се откаже од најголемата страст – свирењето клавир. Тој синдром се јавува поради преоптоварување на тетивата или чести повторувачки движења на дланките. Се манифестира како чувство на трнење и болки во рацете. Поради тоа Шин често има болки, па се плаши дека мускулите со тек на време ќе му атрофираат, што би значело крај за неговата магионичарска кариера.