Радио Милева
„слатка вкуснотија“

Кога Снеже Велков готви за Бадник: Македонската водителка сама си измисли рецепт овој пат, а еве го и крајниот резултат (фото+видео)

Кога Снеже Велков готви за Бадник: Македонската водителка сама си измисли рецепт овој пат, а еве го и крајниот резултат (фото+видео)

Новогодишните и Божиќните празници се најубавите бидејќи целото семејство се собира дома и во семејна атмосфера се радува на овие денови.

Македонската водителка и фитнес инструкторка Снеже Велков често знае да се најде во кујната и да направи разни специјалитети, а се тоа да го сподели на социјални мрежи со назнака: #КогаСнежеготви.

Така и  за Бадник, денот пред големиот празник Божиќ, Снеже направи бадникова магија.

Имено, таа направи специјална пита, а на социјалните мрежи се пофали дека сама си го измислила рецептот.

„Кога сама си замислувам рецепти најдобро ми излегуваат. Бадникова магија ја нареков ова слатка вкуснотија. Најдоброто од се’ е дека е комплетно безбеден и јас да го јадам (со оглед на моите алергии на се’ и сешто). Му се радувам ептен.

Рецептот ми е од око:

„Брашно околу 300гр.(Може интегрално пченично или обично)+пециво
*Сок од јаболко 100% околу 500мл.
*мешано суво овошје исечкано(грозје, урми, смокви, кајсии и сл.)
*едно јаболко исечкано
*зачини: цимет и каранфилче
Измешајте со дрвена лажица,ставете на хартија за печење во тепсија и готово!??
Не се додава ни грам шеќер ниту масло“ – напиша Снеже во опсиот на фотографијата од крајниот резултат.

Но, ако мислевте дека тука завршува нејзината празнична авантура по сопствена рецептура, бидете убедени дека сте во заблуда, зашто Снеже се’ уште не ја завршила својата готвачка процедура.

Имено,  кога сме веќе кај јаболките,  како бонус на рецептот следи уште едно кулинарско изнендаување во вид на слатко дополнување од водителката, пардон – од готвачката. Овој пат ова е „нешто (многу) поконкретно“ и без импровизација, а и не бара кој знае каква кулинарска вештина и имагинација и се вика божиќна „Фитнес туфахија“.

„Посна
Лесна
Без шеќер а блага
Лична како оригиналот ама без грижа на совест
Не дебелее
Милина

Замената за шеќер е стевиа речиси без калории
Протеинот и е од @herbalife_macedonia_official
Ако немате мелени лешници можете и со ореви
Декорирајте со сецкани бадеми или ореви
Одзгора за шмек посипете со агаве или мед и…

Нека Ви е наздравје!“ – порача вредната водителка од домаќински ков, Снеже Велков!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Веруваме дека задоволна од готвењето и следниот пат ќе измисли некој нов рецепт со кој ќе се пофали на социјалните мрежи. А и вие, пробајте па кажете, ако одлучите уште денес истиот да го подготвите!

фото: Принтскрин/velkovsneze

Останати вести од Радио Милева