Радио Милева
„опасни или пожелни“?

Снеже Велков ги сподели одговорите на следбениците па откри по секоја цена: „Кои се најфаталниот маж и жена од македонската јавна сцена?“ (фото)

Снеже Велков ги сподели одговорите на следбениците па откри по секоја цена: „Кои се најфаталниот маж и жена од македонската јавна сцена?“   (фото)

Имаме ли  фатални мажи и жени на македонската јавна сцена е прашањето кое го постави водителката на емисијата „Нешто конкретно“,  Снеже Велков  на кратките приказни на Инстаграм каде што е активна и има голем број на следбеници.

Иако на кратко се изненади од одговорите кои беа во контекст на тоа дека „се во едно нема“,  подоцна се појавија и одговорите на кои јасно се гледаше дека не е така.

– Неверојатно дека сите одговори ви се во овој контекст … Стварно немаме фатани мажи и жени ? – напиша таа, иако при тоа не објасни дали се фатални зашто се неизмерно опасни или неодоливо пожелни?

Сепак, нејзиното „стори“  за брзо време обилно се исполни, а омилените личности од обожавателите добија доста пофални зборови.

Не е тешко да претпоставите за кои наши познати личности станува збор,  а дел од нив експресно ги споделија одговорите и на нивните профили.

 – Елена Ристевска, убава харизматична, добар вокал, свој бизнис  – кажаа за пејачката.

Меѓу одговорите за најфатални се најде и  пејачката Викторија Лоба.

Во тој ред ја ставија и македонска ТВ презентерка и поранешна Мис на Македонија  Татјана Стојановска.

Миа Костова, дефинитивно  – беше еден од одговорите.

Брачниот пар, пејачката и харфистка Сара Мејс   и радио водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски.  

Како и македонскиот актер Сашко Коцев. 

Дали се согласувате и вие со овие одговори секако е индивидуално, но од повеќето од посочените, овие личности се меѓу најфаталните од  јавната мак сцена.

Фото: printskrin/instagram/velkovsneze

Останати вести од Радио Милева