Радио Милева
без татко

Неговат смрт е болка за цел живот: Семејството на Емина Јаховиќ доживеа трагедија која заборав нема (фото)

Неговат смрт е болка за цел живот: Семејството на Емина Јаховиќ доживеа трагедија која заборав нема (фото)

Пејачката Емина Јаховиќ пораснала во Нови Пазар, а додека одела во основно училиште, како девојче на само 13 години, на Јаховиќ и се случила семејна трагедија.

Имено, нејзиниот татко и почитуван кардиолог Нусрет Јаховиќ почина и тоа беше голем удар за нивното семејство, а и до ден денес не можат да се помират со неговата загуба.

Таа еднаш ја отвори душата и со солзи во очите зборуваше за тие тешки моменти.

– Татко ми рано не напушти, а мајка ми мораше да работи во ординацијата. Неговата загуба засекогаш ќе ме боли. Мислам дека мајка ми сè уште не може да се помири со тоа. Нему му беше полесно, а нам потешко – изјави еднаш пејачката.

Колку се уште и недостига нејзиниот татко, многу години подоцна, може да се види од нејзините објави на социјалните мрежи. Емина одвреме-навреме ја објавува фотографијата на својот татко со зборови полни љубов и го опишува како ангел чувар.

фото:Facebook/ Instagram printscreen/ yaemina/ Emina Jahovic

Останати вести од Радио Милева