Радио Милева
раскалашена...

Марија моментално не тезгари, ама затоа троши пари како во најдобрите денови: Бугарската фолк пејачка со чизми од 1150 евра (ФОТО)

Марија моментално не тезгари, ама затоа троши пари како во најдобрите денови: Бугарската фолк пејачка со чизми од 1150 евра (ФОТО)

Бугарската пејачка Марија можеби нема тезги, како впрочем и цеклата естрада заради коронапандемијата, ама затоа троши како во најдобрите денови кога беше на врвот на кариерата. Особено на скапи чевли. Фолкерката ги истакнува своите чизми од најновата колекција на „Луј Витон“, забележа бугарски „Викенд“.

Истражувањето на весникот покажа дека тие чинат 1.150 евра (околу 2.248 лева). Моделот е купен од бутикот на брендот во Париз. Очигледно е дека пејачката ги купува само со најскапите брендови на облека и модни додатоци. Марија во повеќе наврати призна дека мажите до неа и помагаат финансиски и тоа е сосема нормално за неа. Малку е веројатно дека пејачката ги купила скапите обувки, туку е поверојатно дека тие и се повеќе подарок од нејзиниот сегашен љубовник.

Пејачката моментално се доживува како инфлуенсер и заработува од реклами, но нејзините приходи од тоа се едвај доволни дури и за само една од торбите во нејзината колекција.

Инаку, и покрај коронакризата Марија деновиве го претстави музичкото изненадување кое го навести во јануари.

Пејачката го промовираше својот нов музички проект „Валкани зборови зборувај ми“, во кој учествуваат и двајца мегапопуларни бугарски музички уметници – Фики и Азис.

 

Останати вести од Радио Милева