Радио Милева
старост - лудост?!

Лејла Рамковска ја предизвика Снеже Велков: „Стани моме да заиграш“ или сите „стари девојки“ треба да се „затворат“… а можеби и „отворат“? (ВИДЕО)

Лејла Рамковска ја предизвика Снеже Велков: „Стани моме да заиграш“ или сите „стари девојки“ треба да се „затворат“… а можеби и „отворат“? (ВИДЕО)

„Во здраво тело – здрав дух“, „Здрав живот – подолг живот“, „Движи се за да не заборавиш да одиш“, „Вежбањето го продолжува векувањето“… и уште еден куп други мудри мисли или само обични фрази – за кого како, кога е поврзаноста на физичката активност со квалитетот и должината на животот во прашање!

И додека секој трга на своја страна, едни се ЗА, други велат – нема правила, умереноста или што би рекла „златната средина“ веројатно е вистинскиот одговор кога, кој и колку треба да биде физички активен и на кој начин. Или што би рекле – телото само ќе ви каже, ама умот треба тоа да го прифати!

Едни од двете најпознати јавни лица кога се „здравите физикалии“ во прашање кај нас, секако се ТВ водителката и доскорешна пилатес инструкторка Снеже  Велков и јога инструкторката Лејла Рамковска.

Неодамна водителката, инаку позната по своите најразлични „егзибиции“ на социјалните мрежи, меѓу кои и овие за физичка активност, постираше тест видео со предизвик: „Дали си стар?“, на кое финтата е стоеечки на една нога да си ги обуеш чорапите и патиките без да стапнеш на земја со другата нога!

За Снеже разбирливо тоа е „пи…н“ – пардон, „мачкина кашлица“, ама за многумина од нас е „невозможна мисија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Ова како да ја „боцна“ нејзината „опонентка за здрав живот“, само од различна провиненција, јога инструкторката Лејла Рамковска, која прифаќајќи го предизвикот на Снеже и самата ја предизвика задавајќи и нова задача и на неа и на сите други, со една своја јога вежба.

А кога Снеже ќе ја „’рчнат“  во она што и е „слабост“, исто како да и брцнале во око. Па по принципот „око за око“, ТВ водителката јавно и порача на јога инструкторката: „Не ме ‘рчкај, седи не ме знаеш“, или поконкретно јавно ја праша па и кажа: „Ме предизвикуваш? Ти не знаеш што е старост лудост“!?

 

До душа ТВ водителката и екс пилатес инструкторка далеку од тоа дека е престарена, иако не е баш тинејџерка, ама така некако наликува и во физикусот  и во физичките можности. Од друга страна, ниту асана јога мастерот Лејла Рамковска не е баш девојченце, ама далеку од тоа дека е стара мома. Така што по се’ изгледа дека ниту овој,  ниту било кој друг ваков вид на челинџ, не е проблем за ниту една од двете.

Впрочем, Снеже Велков уште од прва покажа дека „стара или не“ нејзиниот предизик може како од шега да го изведе, а потоа и да го поведе „танцот на младоста“ со оро и песна на цел глас: „Стани моме да заиграш, да те гледам весел јас“! Или: „Чифтечанче за разгибаното Снеж(анч)е“! Оттаму нема сомнеж дека и предизвикот на нејзината јога соперничка, за неа нема да биде никаква пречка!

Од друга страна ниту Лејла Рамковска нема проблеми со „кршење на снагата“ во различните јога потези, пози и движења. Без оглед на годините и возраста, Лејла е мајстор на јога позата. Тоа однеодамна најдобро го знае, а  и може најдобро да го почувствува од многу различни аспекти и нејзиното помладо момче, пејачот и композитор Роберт Билбилов.

Затоа предизвикот на едната кон другата и обратно, прашање е дали  воопшто и има смисла, кога и за двете моми изведбата на туѓиот челинџ  е толку лесна, што  нештата ги прават „со песна“!  „Стани моме да заиграш“ или… Сите „стари девојки“ треба да се „затворат“? – што би рекле „Фрајле“!

Сепак е многу подобро кога ќе се…  „отворат“! И фиктивно и фактички… И духовно и физички!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Фото и видео: Фејсбук/Lejla Ramkovska & Инстаграм/velkovsneze

Останати вести од Радио Милева