Радио Милева
со сите салтанати

Татјана Лазаревска славеше роденден: На дамите не им се бројат годините, ама затоа со торта, песна, оро и чочек на тапан им ги слават родендените (ВИДЕО)

Татјана Лазаревска славеше роденден: На дамите не им се бројат годините, ама затоа со торта, песна, оро и чочек на тапан им ги слават родендените  (ВИДЕО)

Роденден е денот што го чекаме цела година, без оглед на возраста. До душа кога сме деца ли помлади тоа некако госледат повеќе возбуди, но дека тоа не мора да биде така и кога возраста се пишува со поголема бројка, потврди македонската пејачка Татјана Лазаревска, која со својот брачен партнер и колега Новица Василевски и нивните деца, веце целе деценија живеат и работат во далечната Австралија.

„Туѓино – јабано, што ми направи“ – ќе речат некои, но за македонската фолкерка и нејзината фамилија далечната Австралија не беше причина денот на нејзиното раѓање да не го прослави онака како што самата си замисли и посака.

Сто пати е кажано дека на  дамите не им се бројат годините, ама затоа Татјана покажа дека им ги слават родендените со сите салтанати…! Сепак претходно, фолкерката самата уште рано наутро среде бел ден од градината самата си посака она што секоја роденденка си го посакува. Со порција овошје и запалена жижица, Татјана упати роденденска честитка до себе си и сите останати кои на тој ден  исто така се роденденки, па со рефренот од сопствената роденденска фолк песна „Среќен роденден“ и себе и ним им посака само убавини:

„Среќен да е роденден, наздрави за среќа, заедно да славиме, се’ до сто и една…“!

Прв кој и го честиташе роденденот беше кој друг ако не тој, нејзиниот животен сопстник во сите ситуации и прилики, сопруг и колега, Новица Василевски, со најубавите роденденски зборови:

„Среќен роденден на мојата љубов, жена, мајка, кралица“ – споделил покрај заедничката фотографија Новица!

Сепак, она вистинското ќе се случи дури во вечерните часови, кога во домот покрај домашните се собра сите гости. Пријатели, соседи, нашинци, Балканци… на софра, торта, песна, оро и чочек на тапан! Или што би рекле, со сите салтанати… Ама ако! Само нека е за арно и весело!

Фотои видео: Фејсбук/Novica Vasilevski/австралија, сите салTatjana Lazarevska

Останати вести од Радио Милева