Промотер

ЛУНА е директна: „Немој да збориш, соблечи ме со поглед“ во – „Куш“ (ВИДЕО)

ЛУНА е директна: „Немој да збориш, соблечи ме со поглед“ во – „Куш“ (ВИДЕО)

Таа е дива, нескротлива,  сензуална,  впечатлива, секси, ексцентрична и со стил… Таа е се, само обична не. Запознајте ја дваесет и едно годишната убавицата Луна, вториот женски артист на Урбан Рекордс, кој ветува многу.

Луна веќе го промовираше нејзиниот прв сингл „Kуш“, на You Tube каналот на Урбан Рекордс. На овој видеоспот му предходеше едно неофицијално и необично видео на Тракер што претставуваше најава за нејзиниот официјален деби спот.

Приватно Луна е инструктор по скијање, и во моментот па се до месец март работи во еден од најпопуларните зимски центри во регионот – Копаоник, соседна Србија. Поради обврските околу спотот и неговата промоција, деновиве таа патува на релација Скопје – Копаоник.

Видео спотот се снимаше во „Про лајт студио“ – студио за професионално снимање на филмови, музички спотови и реклами. Во него Луна менува неколку интересни модни комбинации, во друштво е со Тракер, а присутна е и една доста интересна бела мечка маскота. Видеото, вообичаено кога се ексклузивците на Урбан рекордс во прашање, го изработи Гордан Божиновски – „Год Ај Продукција“.

Песната е во трап стил, текстот и музиката се на самата Луна, аранжманот, битот, миксот и мастерингот се на  Иван Јованов – Ивајо.

Погледнете го видеото и уживајте со обете уши во звукот на „Куш“, „плакнејќи очи“ на Луна: