Промотер

По впечатливиот настап на „Макфест 2023“ на Тијана Периќ успехот и се враќа како – „Бумеранг“ (ВИДЕО)

По впечатливиот настап на „Макфест 2023“ на Тијана Периќ успехот и се враќа како – „Бумеранг“ (ВИДЕО)

На годинешново 38-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“ во Штип каде во живо ја отпеа одличната и певлива „Бумеранг“, Тијана Периќ имаше еден од највпечатливите фестивалски настапи. Иако, како што и самата таа вели, ова е нејзино прво претставување пред македонската публика и прво нејзино фестивалско искуство.

Инаку, таа настапи со впечатливата креација во црвена боја во придружба на танчерите од „Aqua Dance“ каде ги освои симпатиите и на публиката во салата и на жирито и беше меѓу петте најдобри од првата фестивалска вечер. Ја имаше честа да ја отвори ревијалната вечер и да настапи заедно со многуте наши познати музички ѕвезди.

Песната “Бумеранг” ја напиша Ефтимија Јованова, а во тимот на обработка учествуваа и Јован и Иван Јованови. Александар Ристовски – Принц се погрижи за спотот, а пак на сцената на „Макфест“ ја придружуваа танчери од „Aqua Dance“. За изгледот да биде онаков каков што беше , совршено вклопен во комплетната визуелизација на сцената се погрижи Ива Спасовска за креацијата и студио “Диор” од Штип за шминката и фризурата.

Презадоволна од својот настап и приемот на песната Тијана уште отсега со сигурност вели дека повторно ќе ја видиме на „Макфест“, во некоја следна прилика, а кој знае, можеби веќе уште следната година.

Инаку Тијана зад себе веќе има снимено две балади , „Писмо“ и „Сонувам“, а веќе се подготвува и за снимање на видео  за нејзината следна песна која ја најавува за почетокот на месец декември.

Во продолжение, можете го погледнете видеозаписот за макфестовската “Бумеранг” која веќе наголемо се врти во македонскиот радиоетер.