Промотер

Кристина Димитри и Љуба Перуќица ја промовираа видеоприказната од макфестовскиот дует – „Посилна“ (ВИДЕО)

Кристина Димитри и Љуба Перуќица ја промовираа видеоприказната од макфестовскиот дует – „Посилна“ (ВИДЕО)

Иако уште на самиот фестивал се користеа сцени од снимањето при нивниот настап, дури еден месец по завршувањето на „Макфест 2023“ Кристина Димитри и српскиот фолкер Љуба Перуќица ја имаат премиерата за видеото за нивната фестивалска дует песна – „Посилна“.

Македонската екс мисица, сега естрадна пејачка и српскиот пејач снимиле видео кое изобилува со жешки сцени, од кои некои делуваат толку многу убедливо, што дури и српските медиуми се посомневаа дека меѓу нив нешто и приватно се случило, иако сопругата на фолкерот тогаш само што се не беше породила со нивното прво дете.

Како и да е прашината бргу слегна и се’ остана само на „професионална провокација за дразнење на јавноста“, односно само фрлена јадица на која публиката треба да загриза на песната „Посилна“. Особено откако набргу по макфестовскиот настап ултразгодната и атрактивна екс ТВ водителка Катарина Колозеус се породи, па таа и макфестовскиот дует партнер на Кристина Димитри станаа за прв пат родители.

„Ми беше чест да соработувам со Љуба, кој е еден од најдобрите вокали на овие простори. А неговата сопруга, која е убава и харизматична, знае што значи шоубиз.

Па секако нема да има развод“ – низ насмевка тогаш прокоментира сексапилната тетовка, која видеото за „Посилна“  деновиве и го промовираше.

Инаку песната која како комплетен автор (музика, текст, аранжман)  ја потпишува Стефан Стојановски е отпеана на комбинаиран македонски и српски јазик и е во стилот на модерна ар ен би балада, која не е лоша, но не е ниту кој знае колку впечатлива. Впрочем, обајцата изведувачи пред тоа имале многу посветли музички моменти во своите претходни остварувања.

Видеото изработено од Sneak Media донекаде ја надополнува оваа констатација, зашто визуелизацијата на „Посилна“ е на висината на задачата. Урбани кадри кои реалистично  ја отсликуваат љубовната приказна исполнети со доволна количина еротски набој за да ја заскокоткаат јавноста.

Останува да видиме колку визуелизацијата ќе помогне песната да стане  „Посилна“ или видео-инфузијата нема многу да и помогне, па „Посилна“ бргу ќе замине во заборав на јавноста.

Како и да е, погледнете го видеото и преслушајте ја песната, па самите проценете дали и колку е „Посилна“ од претходните музички изданија на Кристина и Перуќица: