Радио Милева
многу заљубена или мошне префригана?

Кристина Димитри одново е „до уши“ заљубена или само свесно ја „вози јавноста“ заради рејтингот и популарноста? (ФОТО)

Кристина Димитри одново е „до уши“ заљубена или само свесно ја „вози јавноста“ заради рејтингот и популарноста? (ФОТО)

Кристина Димитри пуштена на најсилно… Или барем  прилично обилно ја турка својата кариера, песна по песна, спот по спот. И на македонски и на српски јазик, храбро обидувајќи да ја освои и домашната публика и онаа во регионот, каде во „големата естрадна бара пливаат најмоќните естрадни крокодили“!

Последната песна со многу се*с… И во насловот на песната  и прилично еротика во кадрите со кои Кристина спотот за истата го најавува. И додека песната веќе оддамна се „тркала“ во радиоетерот, видеото иако најавено, се’ уште не е појавено. Не барем официјално на Јутјуб.

И додека сексапилната тетовка со спуштени панталони го најавуваше „жешкото видео“ во кое партнер и е професионалниот артист Филип Ивановиќ од Белград, уште не тргната да го освојува Белград, српската престолнина изглда ја освои неа…

Иако долго тврдеше дека е сингл, дека по разводот од пејачот со „Х -фактор“ соло и е подобро и е фокусирана на кариерата, а не на љубовта, Кристина по се’ изгледа не додржа! Од мноштвото додворувачи расната тетовка падна на шармот на српската престолнина или поточно на новото момче, кое е токму по потекло од Србија!

„Белград, тоа е сепак мојот среќен град“ – ќе порача Кристина… До душа Белград како судбина е и на нејзината претходна љубов и животен сопатник, а можеби и нејзина… И приватна и профсионална, за која толку многу сонува, ама тоа треба да го видиме допрва. И ние и таа!

Сепак, поединци сомничаво вртејќи со главата, велат дека Кристина тешко дека ја ставила „љубовта пред славата“, па новото момче, за какво наводно само го прикажува човекот чие лице сепак не го открива е само фарса? Демек, со него само ја потпалува атмсферата, правејќи нова маркетинг кампања за што повеќе да ја заинтригира јавноста!?

Фотографиите кои ги објавила не кажуваат многу, зашто можеби се дел од нејзината љубовна стварност, а можеби само „виртуелна реалност“, вешто изрежирана од русокосата пејачка? Можеби само како добра најава за видедоделот од новото музичко парче насловено – „Ми го е*а денот“?

А можеби сето ова што и се случува на атрактивната тетовка е навистина нова љубовна романса, во која Кристина ја гледа својата шанса за конечно искрено, мирно и спокојно споделување на емоциите… Страстите иоанака може да ги сподели кога и со кого сака!

Како и да е, јавноста ќе почека да се појави  видеото за и со свои очи да види кој тоа на Кристина навистина „И го е*а денот“, а трпеливо и да ќе сочека новопечената пејачка самата да реши да открие, кој тоа во секоја можна прилика ја буди со филџан кафе и појадок после бурната ноќ?

Дотогаш  преостанува само кој како сака да си претпоставува и нагаѓа, дали тоа Кристина Димитри навистина одново е „до уши“ заљубена или само свесно ја „вози јавноста“ заради рејтингот и популарноста?

Фото: Инстаграм/kristina.dimitry

 

Останати вести од Радио Милева