Радио Милева
поглед “на две страни“...

Стојне Николова на Фолк фест Роса ја разбранува фантазијата: Публиката ем возбудена, ем љубопитна, што ли носи ли под „миничот“ пејачката? (ФОТО+ВИДЕО)

Стојне Николова на Фолк фест Роса ја разбранува фантазијата: Публиката ем возбудена, ем љубопитна, што ли носи ли под „миничот“ пејачката? (ФОТО+ВИДЕО)

Атрактивна, експлозивна, набиена со енергија и сексапил… Струмичанката Стојне Николова важи за една од нашите фолк-пејачки од помладата генерација, која станува се попопуларна, меѓудругото и заради својот атрактивен изглед, а во последно време привлекува  и со своите модни комбинации.

До душа Стојнето уште кога се појави на естрадната фолк сцена го сврте вниманието на себе со она што мајката природа и го дала и ја надарила, но со текот на времето пејачката како да еволуираше и во својот и имиџ и во стајлингот, па со секој нов настап или јавно појавување забележливо е нејзиното уште поголемо „разубавување“!

Разбирливо, „влажните машки погледи“ најмногу се лепат на најистакнатите телесни атрибути, а долгите нозе, рамната снага и витата става, заедно со шармантната насмевка и убавиот лик се повеќе од предизвик, погледот долго да не го симнувате од Стојнето.

Така е се почесто во последно време, така беше и на последниот фестивалски настап на атрактивната фолк убавица од Струмица.

Имено, на 5-ти март во Домот на Армијата во Скопје,  по 24-ти пат се одржа годинешното издание на фестивалот кој создаде и обнароди стотина хитови – Фолк фест Роса 2024!Фестивалот беше од ревијален карактер, па награди не се делеа, освен трите награди за животно дело на Цветанка Ласкова, Орце Зафировски и постхумно – Тодор Трајчевски.

Ама затоа ни погледите на присутните не се делеа од дел од пејачките, особено ооние помладите, кои покрај песните со својот атрактивен изглед, имиџ и стајлинг, покрај „влажните машки погледи“, кај поединци изнудија и грст воздишки и копнежи…

Разбирливо Стојне Николова беше една од пејачките која со својата појава на сцената ја разбранува фантазијата. Во кусо мини циклама  фустанче, на високи потпетици и мрежести чорапи, уште со првите тактови и направени чекори, изнуди воздишки.

Особено кога со секој чекор и движење на фолкерката по сцената,  длабокиот шлиц на кусото мини здолниште ќе се отвореше, машкиот дел од публиката „гореше“ од љубопитност, желба и возбуда да ѕирне и дознае,  што се крие  под „миничот“ на пејачката?

Провокативниото издание на убавото и сексапилно Стојне и ја крена популарнаста, а на ептен љубопитните адреналинот, па оние што беа дојдени на фестивалскот издание со партнерките, мислите ги делеа „На две страни“ (како што гласи и насловот на песната на струмичката пејачка)… Малку  кон онаа што седи покрај нив, малку кон онаа на сцената!

Како и да е, заводливата и згодна фолкерка уште еднаш покажа дека со секое ново појавување изгледа се  поатрактивно, посекапилно, побомбастично и поексплозивно.

Остана само оние најљубопитните „да пукнат“… Од желба или од мака што никако не успеаа да си доловат, што крие „миничот“ на Стојне Николова?

Фото и видео: Инстаграм/stojne_official

Останати вести од Радио Милева