Радио Милева
со минимални разлики или ...

Овие познати Македонки покажаа спомен фотографии од детството, а колку се измениле – проценете самите (фото)

Овие познати Македонки покажаа спомен фотографии од детството, а колку се измениле – проценете самите (фото)

Во денешно време лесно е да експериментираме со личниот изглед  како и колку сакаме.

Но, сепак најискрени фотографии се оние од детството.

Затоа, со таква цел  социјалната мрежа Инстаграм често подготвува игри за забава, а нашите познати Македонки не останаа имуни на тоа.

Колку се измениле покажаа и тие самите откако решија да го прифатат  предизвикот кој кружи на социјалната мрежата: „Kако изгледаше како дете“.

Прва фотографија од детството сподели  познатата инфлуенсерка и водителка Миа Костова.

Таа е редовна на мрежата  за која низ Инстаграм прашања еднаш изјави дека и претставува задоволство.

Мобилниот од рака не го испушта ниту Кристина Димитри која моментално е актуелна со  новата песна со  храбар наслов… „Ми го е*а денот“.

Сега на нејзиното кратко „стори“ се појави фотографија со која покажа како изгледала во нејзиното детство.

Интересот за играта продолжи да расте па се охрабри и новинарката и водителка Анастасија Деа Илиевска.

Таа пред нејзините следбеници објавува од нејзиниот приватен живот и активностите кои ги има со нејзините две мали дечиња, но сега   откри како изгледала и  таа како мала.

А колку и како се промениле од тогаш до денес останува сами да одлучите …

Фото: printskrin/instagram

Останати вести од Радио Милева