Вистаграм

Идеално собно растение: Егзотично изгледа, лесно е за одржување и го чисти воздухот од токсини

Идеално собно растение: Егзотично изгледа, лесно е за одржување и го чисти воздухот од токсини

Ова растение цвета од мај до есен, а има и убав мирис којшто потсетува на мирисот на мед.

Своето место меѓу цветовите кои се отпорни и прекрасни го има и овој цвет – Hoya Carnosa. Станува збор за растение кое нема да бара многу внимание од вас.

Ова зимзелено растение е препознатливо по здебелените лисја кои вообичаено се долги од пет до осум сантиметри и цветот во бела боја со изразени црвени точки на средината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mina Emily Cox (@emilyshoyas)

Цветовите на себе имаат и светложолти прашници поради кои изгледаат како да се од восок. Растението цвета од мај до есен, а има и убав мирис којшто потсетува на оној на медот.

Ова растение е по потекло од источна Азија и Австралија, а кај нас се одгледува како собно растение. Хојата сака светлина и топли места, но не и директна сончева светлина. Во студените и темни зимски месеци треба да се чува на место со повеќе светлина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Estefanía (@lobabotanica)

Имено, светлото ѝ е потребно за да процвета. Може да расте и во сенка, но тогаш не очекувајте да пушти цвет. Инаку, колку што растението е постаро толку пообилно ќе цвета.

Што се однесува до наводнувањето, цветот има дебели лисја и во текот на зимата дозволено е и да се исуши, па тогаш ставете му вода. Во текот на зимските месеци треба да го наводнувате на секои две недели, во природата пред цветањето потребна му е повеќе вода.

Што се однесува до температурата на која треба да го чувате треба да внимавате да не го ставате на провев или во близина на вентилациски отвор и клима, но и радијатор.

На крај, треба да се спомне дека ова растение е едно од оние кои го чисти воздухот во просторијата, од него ги отстранува токсините.

Извор: Кармин.мк

Останати вести од Вистаграм