Лице в Лице
лице в лице

И ѕвездите плачат: Еве кога најчесто знае да заплаче Влатко Лозаноски – Лозано (ВИДЕО)

И ѕвездите плачат: Еве кога најчесто знае да заплаче Влатко Лозаноски – Лозано (ВИДЕО)

Иако Влатко Лозаноски  последниве години важи за најголемата македонска машка музичка поп ѕвезда, во суштина е многу обично момче, кое среќен го прават обичните работи. А како и секој обичен човек знае да пушти и солзи,  а самиот вели дека кога би имал магично стапче би променил многу работи.

Неговите песни сите ги знаат и пеат, но за неговата приватност и интима многу малку се знае. Особено по раскинувањето на долгогодишната врска со моделот Сава Грачанин, Лозано личните работи остана да ги чува само за себе… И можеби уште за многу тесен круг на неговите најблиски.

Иако скромното момче од Кичево силно гази напред, кај него воопшто ништо не е променето. Тој и понатаму е скромен, нанаметлив, коректен и исклучително културен!

Екипата на најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“ се обиде да извлече неколку досега неоткриени детали од животот на Влатко Лозаноски, кој самиот ги откри пред камерата на „магазинот од зад сцената“.

Од што најмногу се плашиш, од што имаш најголем страв?

Лозано: Од височина и од змии!

На кого би сакал јавно да се заблагодариш?

Лозано: Буквално на сите… Им благодарам на сите!

Патики или чевли?

Лозано: Дефинитивно, патики!

Без кои три работи не излегуваш од дома?

Лозано: Во моментов, мобилен телефон, заштна маска, паричник…

Скопје или Кичево ( родниот град на Влатко – н.з.)?

Лозано: Нормално Кичево како родно место, но… И Скопје, како моментално живеалиште!

Какво мислење имаш за пластичната хирургија?

Лозано: Немам мислење… не барем во моментов!

Таско или 2Бона?

Лозано: И обете, односно сите… Одлични се!

Елена Ристеска или Марјана Станојкоска?

Лозано: Двете се прекрасни, така што… Но, ете… Елена нека биде!

Кога последен пат си плачел и зошто?

Лозано: Што знам, обично сум емотивен… Најчесто кога победува Македонија на спортски настани, ми доаѓа некоја солза!

Кога би имал магично стапче што би направил или променил?

Лозано: Искрено, многу работи би направил да имам магично стапче.

Што те прави среќен?

Лозано: Среќен ме прават обичните работи. Наутро утринското кафе, убава музика, добра серија, да се слушнам со пријатни луѓе, блиските… Обичните, едноставните работи ме прават среќен.

Кога би избирал помеѓу убава и паметна жена, кој би бил твојот избор?

Лозано: Пааааа… најверојатно паметна!

Што би купил ако имаш милион долари?

Лозано: Многу работи… Исто како прашањето со магичното стапче! Би ги распределил за многу работи: дел за кариерата, дел приватно, можеби дел би подарил…!

Која била најдобра, а која најздодевна публика на еден твој настап?

Лозано: Не знам, обично секаде биле ОК… Можеби има само некои на кои им треба малку повеќе време да ги загрееш. Нема здодевна публика, секаде публиката е пријатна!

Мотор или автомобил?

Лозано: Автомобил!

Останати вести од Лице в Лице