Мегафон

Лозано со настап во најексклузивниот скопски хотел за дочекот на најлудата ноќ

Лозано со настап во најексклузивниот скопски хотел за дочекот на најлудата ноќ

Часови се бројат  до дочекот на најлудата ноќ, во која ќе ја испратиме старата, а ќе ја дочекаме новата 2024 година. Понудите за прослава на оваа ноќ се многубројни, а една од најатрактивните е онаа каде настапува една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски – Лозано. Популарниот пејач заедно со неговиот бенд ќе ги забавуваат гостите во ексклузивниот хотел „Bocca Di Lupo“ во Скопје, каде ќе одржи тричасовен концерт. Покрај Лозано, гостите ќе ги забавуваат и девојките од женскиот бенд „К4“, кои ќе бидат задолжени да ги пеат најголемите домашни и регионални хитови…