Мегафон

(ФОТО) Најзгодните близначки на Софискиот маратон им покажаа на Бугарите дека му нема рамно на македонското девојче!

(ФОТО) Најзгодните близначки на Софискиот маратон им покажаа на Бугарите дека му нема рамно на македонското девојче!

Од содржините на Вистина.мк неодамна имавте можност да ги запознаете сестрите Марија и Магдалена Гаврилови, кои преку спортскиот и здрав начин на живот, а и со своите совршено градени тела ги освоија вашите симпатии.

Младите 26 годишни близначки од Кочани, Марија и Магдалена за себе велат дека не би можеле да го замислат својот стил и начин на живот без спортот и вежбањето. Дека посветено се трудат да изгледаат атлетски и секси потврдуваат  фотографиите на нивните профили на социјалните мрежи каде имаат бројни следбеници.

Функционираат неразделно една од друга, а покрај истиот избор на факултетот за правни науки, Марија и Магдалена имаат исти пасии и гледишта кон животот. Без спортувањето не би можеле да го замислат своето секојдневие, а на секој маратон во трчање тие се први на позиција со својот натпреварувачки дух.

Неодамна двете се упатија кон Бугарија, каде трчаа на Софискиот Маратон и освоија медали со кои се пофалија на Фејсбук.

Инаку, Марија и Магдалена не пропуштаат ниту еден маратон. Неодамна трчаа на Скопскиот маратон, а пак претходно беа на трка и во Подгорица.

Доколку ви треба мотивација за вежбање, тогаш Марија и Магдалена секако се вистинскиот поттик за тоа.