Радио Милева
датум за среќа и тага

Да беше жив легендарниот Џеј денес ќе наполнеше 59 години: Ќерка му Марија со емотивна посвета потсети на неговиот роденден (ФОТО)

Да беше жив легендарниот Џеј денес ќе наполнеше 59 години: Ќерка му Марија со емотивна посвета потсети на неговиот роденден (ФОТО)

Легендарниот пејач Џеј Рамадановски денеска ќе го прославеше својот педесет и деветти роденден, а неговата наследничка на својот Инстаграм профил му посвети емотивни зборови на починатиот татко и расплака многу следбеници.

„Драг тато, денес ќе наполнеше педесет и девет години. Ни недостигаш многу, но знаеш дека си во нашите мисли секој ден. Многу те сакаме, чувај не“ – напиша Марија на Инстаграм со фотографија од легендарниот пејач.

Под објавата на Марија беа наредени емотикони на поддршка и љубов, а многумина ги цитираа зборовите од песните на Џеј, со што покажаа колку им недостасува починатиот пејач.

За време на едно неодамнешно интервју за Гранд, наследничката на Џеј призна дека татко ѝ се повеќе и недостасува и често плаче на неговите песни.

„Секако дека реагирам емотивно, а леам и солзи. Тој е во нашите мисли секој ден, на целото семејство. Многу ни недостига. Избегнувам да ги пуштам неговите песни. Не ја слушам неговата музика, бидејќи многу ме растажува. Секогаш плачам на „Животе, жено без морал“ – рекла Марија.

Фото: Инстаграм принтскрин/marija_ramadanovski

Останати вести од Радио Милева