Радио Милева
семејно насилство

Бугарската пејачка Марија сопругот брутално ја претепал: Исплашена и крвава фолк ѕвездата во полиција признала дека не му е прв пат физички да ја малтретира

Бугарската пејачка Марија сопругот брутално ја претепал: Исплашена и крвава фолк ѕвездата во полиција признала дека не му е прв пат физички да ја малтретира

Крвавата драма се одвивала по бруталната семејна расправија во нивниот дом во вторникот вечерта, изјавил за бугарските медиуми добро информиран полициски извор. Мирослав Соколов се занимава со лихварство и е познат по неговиот прекар Миро – „Ѕверот“. Тој во минатото бил осудуванн за тепање, дознава Lupa.bg.

Полицијата за Hotnews.bg потврди дека маж е приведен поради семејно насилство откако во вторникот во рок од 72 часа бил упатен повик на 112. Тој е веќе обвинет, но МВР официјално не може да го именува. Неофицијално, пак, јасно се гледа дека е во прашање сопругот на претепаната фолкерка.

Насилствотои кон Марија се случила вечерта на 21 март во стан на улицата „Златен рог“ во Софија, каде пејачката и нејзиниот сопруг живеат заедно веќе неколку месеци.

Скандалот изби поради љубомората на Мирослав, кој во текот на целиот ден многу лошо се однесувал со својата партнерка. Претходната вечер популарниот пар имал и бучен скандал, сведочат нивните соседи.

Откако испил многу, Миро -Ѕверот наеднаш ги изгубил нервите и станал физички насилен. Мачоменот почна да ја тепа пејачката со тупаници и шлаканици. Потоа ја турнал на земја со тупаница во главата и почнал да ја клоца паднатата Марија со сета своја  сила по целото тело.

„Престани, те молам, ќе ме убиеш! Помош! Помогнете ми!“ – врескала пејачката. Нејзините застрашувачки крици ја кренале зградата на нозе и соседите веднаш се јавиле на 112. Набргу потоа и Марија успеала да повика полиција и да пријави дека била жртва на семејно насилство. Полицајците веднаш пристигнале и со лисици на рацете го однеле агресивниот насилник.

 

Исплашената и раскрвавена фолк ѕвезда во полиција признала дека не е прв пат да биде жртва на нервозните испади на Мирослав Соколов. Досега ја удрил најмалку 4 пати, но никогаш порано не ја претепал толку крвнички. Меѓутоа, за време на еден од нивните претходни скандали, тој го извадил и пиштолот, кој бил наполнет  и го ставил на чело.

 

Останати вести од Радио Милева