Лице в Лице

Ферчо Мустафов: „Ферус ги направи она што се денес, а тие не го испочитуваа и не го ни испратија на вечното почивалиште“ (ВИДЕО)

Ферчо Мустафов: „Ферус ги направи она што се денес, а тие не го испочитуваа и не го ни испратија на вечното почивалиште“ (ВИДЕО)

Најпознатиот македонски кларинетист, саксофонист и крал на ромската музика, Ферус Мустафов, почина на 72-годишна возраст.

Роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров, професионалната кариера започнал на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет на локална музичка академија. Во тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерал да се откаже од академското учење и да стане естраден музичар.

По една година воена служба, за време на која тој ја воспоставил својата репутација свирејќи на вечерните забави, тој се преселил во Сараево, Босна и Херцеговина, каде ја презел водечката улога во експлозијата на популарноста на народната музика што се случила таму во тоа време.

Музиката и музичкото умеење ќе го носат насекаде, од најблиското соседство па се во многу земји низ Европа и светот, каде ќе биде ценет, почитуван, познат и признат, а заработувачката од музиката на моменти ќе достигнува дури и вртоглави бројки.

Ферус Мустафов не беше само врвен музичар туку тој им бил идол и учител на некои од денес многу познатите музичари. За негов наследник се смета  неговиот внук Ферчо Мустафов кој  во ексклузивно интервју за естрадниот ТВ магазин “Бекстејџ” за прв пат зборуваше за неговиот дедо, се присети на некои анегдоти но и искажа разочарвање за тоа дека речи си никој од неговите колеги, оние со кои соработувал, им помогнал, а некои и ги направил познати и славни, не се појавиле ниту на комеморацијата, ниту на погребот.

Што се кажа внукот на Ферус погледнете во интервјуто во продолжение:

Останати вести од Лице в Лице