Радио Милева
младенци во црно

Дарко Лазиќ се оженил во тајност, а самиот се издаде кога ја нарече Катарина сопруга: Еве ги и првите фотографии од венчавката (фото)

Дарко Лазиќ се оженил во тајност, а самиот се издаде кога ја нарече Катарина сопруга: Еве ги и првите фотографии од венчавката (фото)

Фолкерот Дарко Лазиќ и го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Катарина.

Лазиќ моментално е во болница поради постоперативни компликазии од отстранување на вишокот кожа, па во таа прилика кажа дека Катарина му е сопруга. Оттука, веќе беше јасно дека се венчале во тајност, па таа не додржа и објави фотографии од нивната венчавка во матично која се случила пред операцијата.

Дарко Лазиќ и Катарина биле облечени во црно и во кругот на оние најпотребните во случајов – сведоците.
Популарниот пар се сликаше со кумовите, а неговата избраничка среќните моменти ги сподели со своите фанови на Тик Ток.

Инаку, со денови се шпекулира за односот меѓу мајката на Дарко и снаата на Катарина.

Дарко пред неколку дена отишол на операција за отстранување на вишокот кожа, но состојбата му се искомплицирала и дошло до крварење од се уште свежата рана.

Бранка за тоа наводно ја обвинила снаата и му рекла на синот дека ќе го убие, но сега Дарко се огласил и рекол дека тие двете всушност имаат одлична врска, а шпекулациите во медиумите не се точни.

Инаку, ова е втор брак за Дарко Лазиќ, претходно беше во брак со Ана Севиќ, додека Марина Гагиќ му остана само како свршеница која му роди син.

фото:Инстаграм/Тик Ток/принтскрин

Останати вести од Радио Милева