Промотер

Антониа Гиговска разголена како никогаш досега во секси долна облека, музичката хармонија ја зачинила со еротика во – „Брига ме“ (ВИДЕО)

Антониа Гиговска разголена како никогаш досега во секси долна облека, музичката хармонија ја зачинила со еротика во – „Брига ме“ (ВИДЕО)

Помина скоро една година откако младата поп-ѕвезда Антониа Гиговска предизвика турбуленции на македонската музичка сцена со нејзиниот приватен живот, а пред неколку месеци таа се оствари и во најважната улога откако стана мајка.

По долгиот „молк“, Антониа вчера, понеделник, 20-ти ноември 2023 год. се врати во полн сјај со најновата песна овој пат испеана на српски јазик „Брига ме“ и одговори на многу од прашањата кои стигаа на нејзина адреса изминатиот период…

„Јас секоја твоја пцовка ја бројам, срами се, срами се и црно баш убаво ми стои, те жалам, те жалам“ – вака би бил преводот на дел од стиховите, а што сакаше Антониа со ова да порача и на кого, проценете самите.

Музиката и аранжманот за песната ја направи познатиот макдонски композитор и продуцент Дарко Димитров, додека текстот е дело на Виолета Михајловска Милиќ.

Исто така, „прашина“ крена и видеоспотот за песната на кој режисер е одличниот Томислав Живковиќ, во кој Антониа можеме да ја видиме во неколку различни и смели изданија… Или поточно кажано, Антониа разголена како никогаш досега, во секси долна облека ја споделила сета своја телесна убавина пред камера!

Овој пат распеаната „еротска пепелашка“ имала евидентна намера со провокативните пози пред камера да ги освои своите обожаватели, а и да стекне нови следбеници. Кадрите ветуваат дека нема да недостасуваат „влажни погледи“, зашто многумина видеото веќе го гледаат со „паднати вилици“ и очи ширум отворени.

Ова е само почеток од она што допрва следува од Антониа и нејзиниот тим, а со оваа песна таа се врати и на живите настапи по пауза од неколку месеци…

Во меѓувреме, вие безгрижно уживајте во уметничкиот амбиент набиен со еротски потенцијал што ја отсликува музичката хармонија  во „Брига ме“ на Антониа: