Радио Милева
ќе се слави љубовта

ВИСТИНА ексклузивно открива: Бракот на Антониа и Роберт нема да остане само на потпис во матично, викендов се спрема СВАДБА ГОЛЕМА – „Имаме позитивна трема и возбуда!“ (фото)

ВИСТИНА ексклузивно открива: Бракот на Антониа и Роберт нема да остане само на потпис во матично, викендов се спрема СВАДБА ГОЛЕМА – „Имаме позитивна трема и возбуда!“ (фото)

Помина речиси една година откако пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот сакан, сегашен сопруг и татко на нивното дете, музичарот Роберт Спасенцоски стапија во брак и ставија параф во матично. Токму кога помисливме дека ваквата формалност ќе биде доволна како круна на љубовта на познатата естрадна двојка, пристигнаа свадбени покани во естрадните кругови.

Антониа и Роберт оваа недела, односно на 10-ти март ќе прават голема свадбена веселба. Детали за свадбата, од прва рака добиеме од младоженецот кој за читателите на Вистина.ком.мк сподели како течат подготовките на неколку дена пред свечениот чин и зошто баш сега се решија за свадба.

-Со оглед на тоа што поголем број од гостите ни се колеги, некако одлучивме да биде овој период од годината како порастеретен, а сакавме и да ја избегнеме свадбената гужва. Секој месец е посебно убав ако се организира се’ како што треба и навреме. Имам некоја позитивна трема, не дека не сум возбуден или еуфоричен, но дефинитинво невестата е повозбудена, открива младоженецот Роберт и додава дали свадбата ќе биде поинтимна или баш голема:

– Хмм голема, мала… Сум бил на свадби со повеќе од 500 гости, сум присуствувал и на мини венчавки, така што свадба е свадба, самиот чин е голем без оглед на тоа колку гости ќе брои, еве ние ќе имаме 300, вели Роберт.

Довербата за музичкиот дел ќе им ја препуштат на колегите од „Арија“ кои ги почитуваат, а Роберт безрезервно им верува дека ќе направат атмосфера за паметење.

-Свадбата ќе биде во еден познат скопски ресторан, а околу музиката се одлучивме за група „Арија“, мои блиски пријатели и колеги, можеби едни од најдобрите, ако не и најдобри, завршува Роберт ласкајќи им на колегите задолжени за музичкиот дел и одличната атмосфера.

А за тоа како ќе биде на забавата од големиот ден на Антониа и Роберт, останува наскоро да почекаме фотографии и видеа кои сигурно ќе ги преплават социјалните мрежи…

фото:instagram printscreen/jokerdam93

Останати вести од Радио Милева