Промотер

Зоран Рудан – Цеки инспириран од истоимениот бестселер на Зоран Спасов – Sоф напиша песна, а вештачката интелигенција искреира видео за – „Цешај сине“

Зоран Рудан – Цеки инспириран од истоимениот бестселер на  Зоран Спасов – Sоф напиша песна, а вештачката интелигенција искреира видео за – „Цешај сине“

Кантаваторот Зоран Рудан – Цеки сигурно е човекот кој има напишано и посветено најмногу песни на Скопје и скопските приказни. Неговиот најнов хит „Цепај сине” е напаравен во модерен аранжман и отпеан на скопски сленг.

Текстот е инспириран од истоимениот бестселер на Зоран Спасов – Sоф, книга што се наоѓа на врвот на најпродавани наслови за 2023 година.

Вокалот, инструментите, музиката, текстот и аранжманот се на Цеки, придружните вокали ги пеат Јулијана Деспотоска и Калина Велковска, песната е снимена во студиио „Целофан“, додека зад  изработката на спотот е потпишан Sоф.

Ова е прв видеозапис во Македонија, а можеби и во светот, каде вештачката интелигенција има доминантна улога во неговото креирање.

Како изгледа една ваква анимирана музичка приказна со artificial intelligence (AI) видео решение, проследете во спотот во продолжение.