Радио Милева
покажување и докажување

За танцот на Гавазова нема копче за пауза: На сопругот секси маза, а на Инстаграм инспиративна до екстаза (видео)

За танцот на Гавазова нема копче за пауза: На сопругот секси маза, а на Инстаграм инспиративна до екстаза (видео)

За фолк пејачката Сузана Гавазова воопшто не е важно кое годишно време е за да се разголи, а кога температурите се повисоки, тогаш теренот за разголување е уште послободен и поширок за нејзините потреби за истакнување, покажување и докажување.

Ова лето од куќата покрај езеро во Дојран, Гавазова направи тон видеа каде позира или танцува во секси облека или бикини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Gavazova (@suzanagavazova)

Секогаш расположена и за да покаже нешто повеќе на социјалните мрежи, а и да им го направи меракот на следбениците и фановите.

Иако редовно е во кујната каде од појадок, ручек и вечера постојано е до шпоретот и нешто готви, Сузе има време за се’, од дотерување, пеење, и разгалување за најдрагите, па и  време за Инстаграм.

Овој пат со снимка одраз во стаклото од прозорот на терасата, Гавазова прати жежок поздрав во бикини.

Мешање со колкови, спуштање до долу, полека врткање со бујниот и напрачен задник, издигајќи го телото нагоре, и се тоа движејќи се по ритамот на музиката.

На сопругот таа е домашна маза, а на Инстаграм Гавазова редовно е инспиративна до екстаза.

Насладување со секси видео, а нешто подоцна и инспиративна за домаќинките да зготват месо во кремаст бел сос, а следното утро и палачинки за појадок.

Инспирација на ниво, нема што!

фото:Инстаграм принтскрин/Сузана Гавазова

Останати вести од Радио Милева