Радио Милева
доста и беше

„Жената не е роб“: Сара Мејс „удри“ по татковците, револтирана од муабети, постапки и дела (фото)

„Жената не е роб“: Сара Мејс „удри“ по татковците, револтирана од муабети, постапки и дела (фото)

На Сара Мејс и прекипе она што и тежеше на душа, па се реши да го напише во неколку реченици тоа што ја изреволтира.

Како реализирана сопруга и мајка на две деца, Сара повикана од сопствено искуство се изјасни дека нешата кај нас се уште се измешани во однос на родителската грижа.

Додуша, нејзиниот сопруг и татко на Илина и Кирил, е предан и грижлив, па често знае да покаже како ги чува децата, па дури понекогаш ги носи и на работа, готви… а во своето обраќање, Сара веројатно беше поттикната од муабетите дали и таткото се грижи за малите, па се’  се поврза и со еднаквоста во домот.

-Ова задолжително да се прочита! Особено мжулињата со големите апетити и женичките што веќе се навикнале на големите апетити на мажулињата и си рекле , епа тоа е, јас мора да се грижам за децата, за куќата, за се’ што постои за да може мажуленцето да одмори после работа и да иде на тим билдингсо колегите и на одмор со другарите и на певаљка со комшиите итн.. Жената не е роб, а децата се деца и на татковците. И аман веќе со одушевувањето на татковците што чуваат деца. Па нивни се, кој да им ги чува, Бог да чува! П.с муабетот: помага ли таткото? Уште еднаш ако го чујам ќе станам и ќе си отидам. Комшијата може да помага, таткото учествува, дел е од целото, а не спектатор. Аман!- напиша Сара во своето обраќање на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Лекција до мажите по повеќе основи, а и до жените кои се навикнале на летаргија по горенаведеното. Важно е само нештата да се поместат од мртва точка.

 

Останати вести од Радио Милева