Промотер

За Пајак таа е – „Срце“… а, срце не можеш да купиш (ВИДЕО)

За Пајак таа е  – „Срце“… а, срце не можеш да купиш (ВИДЕО)

После големиот хит “Бебе” која беше последното баладично издание од младиот и талентиран пејач, Пајак ни подготв и нова, исто така емотивна балада насловена како “Срце”, која симболично беше промовирана на Денот на влубените – “Св Валентин”. Многу емоции во неговите стихови визуелизирани со прекрасен видео запис во кои ќе се пронајдат многумина.

Музиката и текстот се на Пајак, аранжманот на Иван Јованов – Ивајо и на СН Микс, мастеринг на Иван Јованов – Ивајо. Додека пак спотот е во режија на Гордан Божиновски. Се снимаше во вила во Маврово и околу Мавровското езеро.

Во спотот како негова девојка се појавува прекрасниот модел, синооката Татјана Јанушева.

Двојката за која Пајак нема многу од слободното време за да и се посвети и да и даде љубов онолку колку што таа заслужува, како сиже од приказната во песната.

Во продолжение новиот видео запис за “Срце”, балада за која се надеваме дека и таа ќе допре како и останатите негови песни, кои за толку кратко време ги освоија срцата на младите, за што говорат енормно големиот број прегледи на Јутјуб.