Радио Милева
само таа знае како...

Мелита за Св. Валентин доби нова доза љубов: Срце од рози меѓу нозе! (ФОТО)

Мелита за Св. Валентин доби нова доза љубов: Срце од рози меѓу нозе! (ФОТО)

Два празника во ист ден… Свети Трифун за православните, Свети Валентин за католиците… За едните денот на виното и лозарите, за другите денот на вљубените! За сите празник, за некои и двата!

Некогашната македонска ТВ водителка Мелита Ракичевиќ го славеше денот на вљубените. Овој пат без вино. Иако велат дека во виното е вистината, за Мелита вистината е во љубовта. Особено за Свети Валентин, кога очигледно ја доби во нова доза. Овој пат најјака.  Доза која сексапилната трендсетерка не ја остави рамнодушна, туку и ги разбуди највозвишените чувства, ја помилува по најсензитивните ерогени зони, правејќи одново да и летаат пеперутки во стомак… или каде веќе,  погоре – подолу…?!

Имено, Мелита за денот на вљубените доби љубовен подарок во вид на специфичен цветен аранжман. Нешто што според рекацијата, очигледно најмногу го сака и ја допира в срце! Можеби овој пат не е постела од рози, но затоа е букет рози, спакувани во кутија во вид на срце.

Маѓепсана од подарокот и уште повеќе од начинот на укажаното внимание и искажаната љубов, ниту атрактивната убавица не можеше да ги скрие емоциите, па објави неколку фотографии на својот Инстаграм профил од кои една со подарокот, покрај која напиша:

„Сите ме сакаат јако, ама ти знаеш како. Среќен Свети Валентин“ – пост проследен со сочен бакнеж во вид на емотикон.

А на фотографијата, Мелита со подарокот за Св. Валентин… Среќна и возбудна од новата доза љубов: Срцето од рози меѓу нејзините нозе!

Фото: Инстаграм/melitameli

Останати вести од Радио Милева