Радио Милева
засекогаш млада

За неа времето како да има сопирачки: Водителката Елена Стојановска пред 20 години и денес (фото)

За неа времето како да има сопирачки: Водителката Елена Стојановска пред 20 години и денес (фото)

Кога сте дел од јавниот свет постојано сте под будното око на камерите, а пред нив за оние кои ве гледат и следат треба секогаш да сте средени, позитивни, уредени и подготвени да соработувате со другата страна.

Посебно кога сте водител на некоја утринска емисија која се емитува од раните утрински часови, па во зори треба да го започнете денот и обврската да застанете пред камера.

Водителката Елена Стојановска имаме прилика да ја гледаме како водител на утринската емисија „Ја сакам Македонија“.


Неодамна таа преку социјалните мрежи откри какво е чувството да се биде пред камери во 5 часот наутро.

„На работа си од 5 сабајле и денот уште нема крај, среќа Верче Блажевска ме дотера, па сум си ок, го опиша Елена „селфито“ од работното биро“, напиша тогаш водителката.

Сите кои ја следат утринската емисија знаат како сега изгледа Елена пред камерите.

Меѓутоа, водителката пребарувајќи по нејзината архива наиде на видео од нејзината долгогодишна телевизиска кариера.

„Точно пред 20 години ја водев музичката емисија 100%. Како лета времето“… напиша во описот на видеото на кое ја води горенаведената емисија.

Времето лета, но изгледот на Елена останува речиси ист, па кога е во прашање младешкиот изглед и свежина, времето за неа има сопирачки, а вруваме дека многумина ќе се согласат со тоа.

Иако е во петтата животна деценија, ретко кој би поверувал дека Елена е на таа возраст.

фото:Инстаграм принтскрин/Елена Стојановска

Останати вести од Радио Милева