Промотер

За Марија Спасовска само тој е нејзиниот – „Број еден“ (ВИДЕО)

За Марија Спасовска само тој е нејзиниот – „Број еден“ (ВИДЕО)

Марија Спасовска беше 12 – годишно девојчето кое ја претставуваше Македонија на „Детската евровизија 2018“ каде што настапи со песната  „Дома“ и се пласираше на 12-то место.

Три години подоцна, младата тинејџерка Марија Спасовска е новото име меѓу домашните изведувачи кое се потпишува и како автор на музиката и текстот, а зад аранжманот стои Дарко Димитров во чие студиото ја  направија песната „Број еден“ која најмногу и е наменета на младата македонска генерација.

Со модерен стилски звук, современа продукција и несомнено одличен аранжман, Дарко Димитров направи Марија да прозвучи повторно музички сериозно со нејзините 15 години.

„Драги мои, мојата нова песна ‘Број Еден’ е објавена на мојот Јутјуб канал. Пресреќна сум, затоа што за оваа песна успеав да напишам сама музика и текст. Најмногу му благодарам на Дарко Димитров кој ми го направи најдобриот аранжман во неговата продукција и заеднички направивме парче уметност за македонската сцена“ -сподели младата тинејџерка на својот фејсбук профил промовирајќи ја песната.


Режисерот за видеото Зоран Зонде Стојановски инспириран од тинејџерската љубовна порака „те имам и те немам“ го направи видео спотот да изгледа солидно, а во спотот покрај Марија се појавува и младиот машки модел Димитри Павловски.

Мејкап стилистот и фризер Даниел Николовски и модниот дизајнер Мите Занов се погрижиле Марија да изгледа прекрасно и низ неколку современи стилски промени преку нејзиното лице  и стајлинг да ја прикажат модерната верзија на новото тинејџ време.

како сето тоа изгледа спакувано во музика, стихови и видеозапис на песната „Број еден“ на младата кантавторка Марија, проследете во продолжение: