Промотер

Виктор Апостоловски ја овековечи во видео наградената макфестовка тема – „Срца камени“ (ВИДЕО)

Виктор Апостоловски ја овековечи во видео наградената макфестовка тема – „Срца камени“ (ВИДЕО)

Битолчанецот Виктор Апосотоловски, на неодамна одражаниот фестивал на забавни песни „макфест 2020“ во Штип  ја испеа   темата „Срца камени“, за која доби и награда за најдобар сценски настап.

Песната на Виктор, за која музиката и аранжманот  се дело на Илија Ќосевски, а текстот на самиот пејач која ја потпишува и аудио продукцијата  во неговото студио „VA Records“, е динамична, со брз, модерен ритам, а со самото тоа подобна за одлична кореографија. Токму кореографијата и му ја донесе макфестовската награда на Апостоловски, а истата доминира и во видеоспотот за песната, која официјално деновиве ја доживеа својата премиера во етерот.

Видеото пак,  (камера и едит) се дело на  Сергеј Смилков, додека главната улога во спотот ја има  Викторија Варадинова. Во коделот на кореографијата која го следи за цело време и водеозаписот учествуваат девојките од танц студиото – „Break The Floor“: Глорија Атанасова, Марија Цветанова, Леа Манева, Анастасија Стојкова, Јована Коцевска, Горица Николова и Ева Пејова.

Како звучи и изгледа кога Виктор Апостоловски пее и танцува во неговата наградена фестивалска тема „Срца камени“  проследете во продолжение: