Радио Милева
Свадба е голема

Битолска свадба со сите адети: Виктор Апостоловски официјално е женет човек- пејачот секогаш уникатен, па и на големиот ден (фото)

Битолска свадба со сите адети: Виктор Апостоловски официјално е женет човек- пејачот секогаш уникатен, па и на големиот ден (фото)

Викендите секогаш се рецервирани за свадбени веселби, кои периовод ги има доста на естрадата.

Овој викенд, односно вчера, сабота, во Битола свадбаа правеше пејачот и композитор, Виктор Апостоловски кој се ожени со својата вереница Минела Доневска.

Младите сакале свадбата да биде со сите адети, па младоженецот уште рано отишол со музика да ја земе невестата од семејството.

Специфичен како и секогаш, Виктор на главата имаше црн шешир, а пристигна во црвен олдтајмер, налик на стар холивудски филм, а на веселбата разбирливо се фати за микрофон, а направил и песна за првиот танц.

Невестата пак во бајковита корсетирана венчаница со огромна кринолина за ултра впечаток.

На свадбата биле поканети 300 гости, а веселбата се случила во еден битиолски ресторан.

Инаку, Виктор и Милена која инаку по професија е медицинска сестра, беа во врска околу три години, а запросувањето се случи во јнуари годинава, кога тој на патување во Турција реши да и стави прстен на раката.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева