Мегафон
сите ѕвезди за СОС детско село

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ракометно-естраден спектакл: Македонската репрезентација против селекцијата на ветерани и богата музичка програма

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ракометно-естраден спектакл: Македонската репрезентација против селекцијата на ветерани и богата музичка програма

Сите билети за ревијалниот натпревар меѓу македонската ракометна репрезентација и селекцијата на ветерани се распродадени.

– Билетите за хуманитарниот ракометно-музички настан се распродадени. ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ХУМАНОСТА!! Се гледаме! – објави Ракометната федерација на Македонија.

Овој несекојдневен спортски спектакл, има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои оставиле свој личен придонес во колективниот учинок на ракометот како најпопуларен македонски спорт.

Актуелниот национален состав за претстојното Светско првенство во ракомет, кое ќе се одвива од 11 до 29 јануари 2023 во Полска/Шведска – ќе биде противничкиот табор на ветераните.

Покрај квалитетен ракомет, за време на настанот се предвидува и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев, во која учество потврдија македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија.

Сите приходи од настанот „Сите ѕвезди“ ќе бидат донирани за СОС Детско село.

Спортско музичкото шоу ќе почне вечер во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.