Радио Милева
прашање на време...

Талентиран за музика, ама не и за девојки: Мики Секуловски е ултра актуелен во регионот, но на љубовен план и не му е така сјајно (фото)

Талентиран за музика, ама не и за девојки: Мики Секуловски е ултра актуелен во регионот, но на љубовен план и не му е така сјајно (фото)

Велешанецот Мики Секуловски (36) од ден на ден станува се поакуелен не само кај нас, туку и пошироко во регионот, а се’ тоа благодарение на неговиот талент кој го презентира преку „Ѕвездите на Гранд“.

Доколку некој пред неколку години му кажеше на Мики дека ова ќе му се случува, веројатно немаше да му вррува. Со оглед на тоа дека во Македонија пред десетина години беше познат преку „Македонки Идол“, а започна и соло кариера, сепак, тогаш нештата не беа вакви или едноставно не беше вистинското време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miki Sekulovski (@mikisekulovski)

Сега дојде токму она за кое можеби повеќето улесници на „Ѕвездите на Гранд“ сонуваат и посакуваат, а тоа е да бидат редовно пофалени, увежени и поласкани од жирито како што тоа му се случува на Мики. Нема кого не би му годеле редовни комплименти, па и на Мики Велики како што му дадоа прекар судиите на популарното музичко шоу.

Но, ако кога е музиката во прашање му тргна во петта брзина, на љубовен план е во лер.

Мики во изјава за Гранд откри дека не се појавила вистинската или тој едноставно не се потрудил да ја најде.

„Најверојатно се уште ја немам пронајдено вистинската. Имав некои семејни проблеми и останав во Белгија 5 години, бидејќи едноставно морав да останам. Но се вратив и одлучив да се пробам во „Ѕвездите на Гранд“ и живеам во Македонија. Има девојки во Македонија, само треба некој да се потруди да ги најде“ изјави Мики за Гранд.

Јасно е дека девојките сакаат популарни ликови, особено музичари, така што Мики нема сомнеж дека наскоро ќе го огрее и без многу да се труди, а како што тргнале нештата може и не ќе мора да мрдне ни со прст.

За потесетување, братот на Мики неодамна стана татко, па можеби ќе повлече нога во семејството Секуловски и ќе му се посреќи и на Мики што поскоро да се скраси со понежна половина.

фото:Instagram printscreen/ mikisekulovski

Останати вести од Радио Милева