Радио Милева
емотивно

„Тој разговор ми беше многу важен“: Ѓорѓе Давид го запозна сопругот на жената која почина (фото)

„Тој разговор ми беше многу важен“: Ѓорѓе Давид го запозна сопругот на жената која почина (фото)

Музичарот Ѓорѓе Давид сепак се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“.

Се шпекулираше дали тоа ќе се случи бидејќи неодамна доживеа сообраќајна несреќа во Македонија, кога случајно усмрти жена на патот.

Давид откри како се чувствува после се.

– Подобро и подобро. Обврските и задачите кои се одложуваат поради се што ми се случи ме ставија во турбо, тоа е нешто што многу ми се допаѓа – рекол музичарот и открил дека имал разговор со сопругот на жената што загина.

– Се запознав со  човекот чија сопруга загина во таа сообраќајна несреќа. Разговорот што го имав со него беше крајно човечки, нормален, крајно татковски. А тој е татко на женско дете и јас сум, тоа ми беше многу важно да симнам огромен товар од моето срце бидејќи знаев дека сака да ја слушне приказната од главата на човекот зад воланот. Мислам дека тоа ми расчисти некои облаци во главата. Многу ми е важно човек да е свесен за целата ситуација. Направив се што можев во тој момент – изјави рокерот и откри повеќе детали:

– Не му се јавив лично, иако го имав телефонот, го прашав адвокатот , кој најде начин да дојде до него. Седнавме на јавно место, еден спроти друг. Тоа е многу емотивен разговор кој траеше 45 минути, никогаш нема да го заборавам. До тој степен ми е важно како раѓањето на моето дете, првиот бакнеж, првиот концерт и слично – рече Ѓорѓе Давид и откри какви понатамошни обврски има кон обвинителството.

– Имам обврска секој 15-ти во месецот да се јавувам во Куманово. Ова се работите за кои инсистирав да се случат кога првпат отидов таму – објасни тој.

Фото: printskrin/instagram/djordje_david

Останати вести од Радио Милева