Радио Милева
Пука брука...

Музичарот и советник во општина Аеродром, Дарко Масларковски демонстративно ја напушти „Левица“: Не сум сам и единствен кој вака се чувствува, но сум прв кој гласно кажува дека во партијата нешто смрди-корне“

Музичарот и советник во општина Аеродром, Дарко Масларковски демонстративно ја напушти „Левица“: Не сум сам и единствен кој вака се чувствува, но сум прв кој гласно кажува дека во партијата нешто смрди-корне“

Дарко Масларковски со години познат како музичар, музички арстист, изведувач, организатор на разни настани, концерти и манифестации кога е во прашање македонската алтернативна музичка сцена.

Заедно со својот брат близнак, членови на неколку бендови, од кои најпознати култните „Пука козметика“ и „Брука“ и едни од сопствениците на забавно-музичката Интернет телевизијата „Бла Бла ТВ“.

Откако Димитар Апасиев ја основаше партијата Левица, Дарко Масларкловски станува нејзин член и не само тоа, туки и еден од нејзините најистакнати поединци.

Како еден од најгласните, најборбените, најправедните, најреволуционерните заслужно ќе се најде на листата за советници на партијата и на последните локални избори успева да се избори за советничко место во општината каде живее – скопската општина Аеродром.

И кога некои предвидуваа дека „Левица“ расте, напредува, завзема се поголем простор и се надеваат на што поголемо парче од политичкиот колач на претстојните парламентарни и претседателски избори во Македонија, тргнаа скандалите, а со тоа  и првите знаци на „расколот“ во партијата откако токму Дарко Масларковски разочаран , деновиве јавно ја напушти истата!

Дали по очигледно оддамна насобраниот гнев и нездоволство тригер за ваквата одлука беа гласините во јавноста  дека СДСМ и помага на Левица да собере потписи за нивната претседателска кандидатка Билјана Ванковска, со цел да се создаде поделба во опозицијата, па членови на партијата се кренаа против партиското раководство? Или јавно обзнанетите документи од страна на Петар Богојески од „Македонски концепт“ во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, во вид на тендер договори на институции каде директори се луѓе поставени од Левица со фирми  чии сопственици се блиски до ДУИ и шокантниот партиски Правилник за задолжителни донации на „Левица“, според кој наводно секој кој ќе добие хонорарна работа или се вработи преку партијата, треба да плаќа од 20% до 25 % од своите примања во истата, ја прелија чашата на горчина?

Што и да е, веројатно незадоволството кулминирало до точка на вриење, па македонскиот музичар и опшински советник не можејчи повеќе да ја истрпи неправдата што му се случува пред очи, откако „му пукнал филмот“, реши да пресече. Та „пука брука“ или не, Дарко Масларковски повќе член на Левица – не е!

Одлуката јавно ја соопшти на својот Фејсбук профил, каде отворено и се обратил на јавноста, појаснувајќи зошто се решеил на ваков „радикален чекор“:

„Почитувани ДРУГАРИ, пријатели, роднини како и цела македонска јавност

Сакам да ве информирам дека од денес ЈАС не сум повеќе член на политичката партија ЛЕВИЦА.
Одлуката ја носам со чиста совест и разум базирана на повеќе причини и дејства на кои не можам да останам рамнодушен.

Разочаран сум бидејќи работите во партијата не се на она другарско и чисто идеолошко делување, како на почетокот, тоест полно е со византиски игри, намерно уништување, игнорирање и оддалечување од чесни, вредни, борбени, бестрашни, бескомпромисни “чисти” кадри.

Се случува опкружување со полтрони, интересџии и безкичмењаци кои безпоговорно следат ЛУДИ ДИРЕКТИВИ(како таа за отстранување на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ од Кутлеш) како и екипирање на раководни кадри кои се премногу сомнителни, увезени токму од политичките елити против кои се бориме(наводно се бори и Левица).
Рацинизирани се сите оние кои на почетокот со сета своја способност, труд, напор и знаење дадоа ОГРОМЕН придонес во развојот на делото и партијата, а додадени се разно разни мешетари и луѓе со сомнително минато и потекло.
Растурени се најсилните ограноци со инфилтрации на горепосочените и во јавноста само привидно се прави чувство дека расте партијата, нема месен огранок во Ново Лисиче каде имавме најсилна поддршка на избори има нов огранок во некое село со 500 жители и 3 члена.

Најверојатно раководството низ својата длабоко затворена призма на делување и секташање не дава простор за вистинско растење на партијата, вистинска борба, која многупати била задушувана од самото раководство, па најверојатно исплашени од расколите од минатото кое ги следи како црна сенка, не дозволува никој да пристапи, дава различни идеи и делува.
Не се посветува и одвојува ни тронка време за да се согледа и реши внатрепартискиот проблем со дискусија и другарски муабет

Не сум сам и единствен кој овака се чувствува, но сум прв кој ГЛАСНО кажува дека нешто “СМРДИ”, а смрди КОРНЕ.

Дали последната надеж за конечно добра, партија на НАРОДОТ е контролирана и усмерувана од некој повисоки сили и центри на моќ?
Времето можеби не е најадекватно и баш пред избори, но јас не можам повеќе да бидам дел од нешто што ќе го уништи духот на МАКЕДОНЦИТЕ, одземајќи му ја можноста за ВИСТИНСКА политика и партија која вистински се БОРИ за МАКЕДОНИЈА.

ПРЕДАДЕНИ СМЕ

Се вклучивме во ПОЛИТИКА (прв пат се ОБОИВМЕ/ИСПЉАВМЕ ПОЛИТИЧКИ) со сето срце и душа и човечки капацитет, ВЕРУВАЈЌИ во ИДЕАТА и КАУЗАТА за БОРБА за Македонија и подобра иднина за сите луѓе.

Борбата за МАКЕДОНИЈА ја ПРОДОЛЖУВАМ секако, но го фрлам оружјето ЛЕВИЦА кое е отапено до толку што не може ниту хартија да пресече, а камо ли да нанесе сериозен удар на НЕПРАВДАТА кој ја трпиме 30 + години.

П.С. Во советот на општина Аеродром ќе продолжам да делувам како независен Советник“ – стои во обраќањето на Масларковски, кој како што самиот вели, не е сам и единствен кој вака се чувствува, но е првиот кој гласно кажува дека во „Левица“ нешто смрди – корне“!

Дали Левица полека „пука“ и  дали е формирана само за да биде нечија политичка „козметика“, ќе видиме допрва?! Избори се ближат…!

Фото: YouTube/Brooka/Заспиј ако можеш/Општина Аеродром/Левица – web page/ Facebook/Дарко Масларковски

Останати вести од Радио Милева