Промотер

Таско и Пајак се двајца во еден – „Психо“ (ВИДЕО)

Таско и Пајак се двајца во еден – „Психо“ (ВИДЕО)

Дует за кој толку многу зборуваа фановите на Таско и Пајак се реализираше со песната “Психо”. Најпопуларни меѓу младите двајцата Киковци, Христијан Тасковски-Таско и Христијан Настески-Пајак, по промоцијата веќе високо котираат на трендинг листата на Јутуб.

Песната е во трап стил за која музиката и текстот го напишаа самите Пајак и Таско и одлично се надополнуваат во истата, а додека миксот и мастерингот е на Иван Јованов – Ивајо.

Спотот е во режија на Гордан Божиновски, камера Били Д, видео ефекти Никола Наумовски, а сето тоа во организација на Борис Тасковски. Се снимаше во театар комедија каде Пајак глуми Џокер, кој работејќи напорно постанал психо.

Пајак и Таско во овој проект звучат како едно, но секој посебно си има свој изграден веќе препознатлив стил. И двајцата ни најавуваат многу нови песни и соработки со наши па и српски артисти. До тогаш уживајте во песната и одличниот спотот за “Психо”.