Промотер

Тамара има нов, овој пат урбан – „Порок“ (ВИДЕО)

Тамара има нов, овој пат урбан – „Порок“ (ВИДЕО)

Македонската поп ѕвезда Тамара Тодевска на Јутуб каналот на „Урбан Рекордс“ ја промовираше новата песна и видеозаписот за неа, насловени “Порок”. До соработка ќе дојде по одлуката на Тамара спотот да го изработи и реализира режисерскиот тим на веројатно најурбаната продукциска куќа во Македонија.

Песната е во препознатлив поп стил, но овој пат со примеси на трап. Музиката е на Лазар Цветковски и Тамара, со текст на Тајзи, аранжманот исто така заеднички го направиле  Лазар Цветковски и Тамара, додека миксот и мастерингот ги изработил самиот  Лазар Цветковски.

Спотот го изработиле Били Д. и Гордан Божиновски. Во него како се појавува и моделот Иман Тотиќ, како и орелот Милица.

Видеото е снимано во студиски услови во Скопје. За стајлингот на Тамара се погрижил Игор Марков.

Оваа е едно мало освежување во веќе изградениот музички стил на Тамара, која секогаш ги следела и музичките и модните трендови.

Во продолжение проследете го новиот видеозапис за “Порок “, која навистина изгледа изгледа светски…