Промотер

Сузана Спасовска е од Македонија – рајот… „Зете царе“ (ВИДЕО)

Сузана Спасовска е од Македонија – рајот… „Зете царе“ (ВИДЕО)

Од најновиот  музичко-сценски проект на македонската фолк дива,  Сузана Спасовска насловен „Македонија Рајот“ – Македонска митологија“ кој се појави кон крајот на 2017 година, денес ви го претставуваме видеото за темата „Зете царе“.

Популарната пејачка претстави десет нови видеозаписи реализирани со „ИН продукција“,  кои всушност се едн вид автентични видеоприказни на теми со патриотска и љубовна тематика, преку  кои се афирмира нашата историја. Како комплетни автори на музичките теми кои се содржани во проектот се потпишуваат композиторот Сашо Ливрински (музика и аранжман) и текстописецот Бранко Сотировски (стихови).

Инаку  од проектот „Македонија Рајот  – Македонска митологија“ до сега се визуелизирани нумерите: насловната „Македонија рајот“, „Илинден“, „Марија Мадона“, „Елен врв“, „Солзана“, , „Самовила веста“, „Жетварско оро“, „Сардисале мома Цвета“, „Собрале се набрале“  и  „Зете царе“. Видеата се снимани во околината на Скопје и Куманово ( локалитет „Тумба“ и село Горно Нагоричане).

Во видеозаписот покрај Сузе Спасовска се појавуваат  уште и  Александра Крстевска  на флејта, Баже Алачки на  гитара и Давид Божиновски на дајре (деф).

Како сето тоа изгледа и звучи ви презентираме во продолжение: