Радио Милева
проблем со меморија

Фановите воодушевени: Рејчел и Рос од „Пријатели“ повторно се обединија пред камери, а снимката со реакцијата на актерката стана вирална (видео)

Фановите воодушевени: Рејчел и Рос од „Пријатели“ повторно се обединија пред камери, а снимката со реакцијата на актерката стана вирална (видео)

Мега популарната серија „пријатели“ има фанови ширум целиот свет, а сега на нивно задоволство се појави реклама од повторното обединување на двајца од актерите и тоа за потребите на една реклама која треба да се прикажува на „Супер Боул“.

Рекламата за достава на „Uber Eats“ започнува со Анистон на снимање на филм, на која Швимер ѝ приоѓа и се обидува да ја прегрне, но таа се однесува како да не знае кој е тој.

Анистон ја глумеше Рејчел Грин во хит ситкомот, додека Швимер го играше Рос Гелер. Двајцата глумеа заедно во серијата од 1994 до 2004 година.

„Дали сме се сретнале порано?“, го прашува таа и уште еднаш повторува од каде се познаваат.

„Дај ми навестување“, вели Џенифер додека Швимер изненадено ја гледа и вели: „Па, работевме заедно 10 години“. „10 години?“, одговара збунетата Анистон. Швимер сè уште е изненаден што не може да се сети на него, прашувајќи ја: „Сè уште не знаеш, нели?“.

Сепак, додека Анистон се оддалечува од актерот, таа иронично вели: „Како да би заборавила 10 години од мојот живот“.

Фановите на „Friends“ се воодушевени од повторното обединување на актерите, а еден корисник на „Х“ напиша дека рекламата е „сè што некогаш му требало“.

Покрај Анистон и Швимер, во рекламата се појавуваат низа познати личности кои забораваат едноставни нешта како Дејвид и Викторија Бекам.

Рекламата за „Uber Eats“ ќе се емитува за време на Супербоулот на 11-ти февруари.

фото: You Tube printscreen/ E! News/ Twitter/ gab

Останати вести од Радио Милева