Радио Милева
приказна за себе

Српската манекенка Бојана Рајиќ е приказна за себе: Сопругот, познат фудбалски голман го изневерила со нивниот близок семеен пријател, со кого по разводот се венчала во дневната соба, а сега на 41 година, стана бруцош на факултет!

Српската манекенка Бојана Рајиќ е приказна за себе: Сопругот, познат фудбалски голман го изневерила со нивниот близок семеен пријател, со кого по разводот се венчала во дневната соба, а сега на 41 година, стана бруцош на факултет!

Српската манекенка Бојана Рајиќ денес живее мирен начин на живот и ретко се појавува во медиумите, додека порано тоа не беше случај.

Поради бракот, а потоа и разводот, со познатиот фудбалски голман Владимир Стојковиќ, таа со години беше една од главните теми во домашните медиуми.

Бојана, која прво се занимаваше со манекенство, а потоа и со дизајнирање на облека, се омажи за Владимир во 2009 година, со кого две години подоцна го доби синот Лео. Сепак, во 2013 година следеше развод, по што следеа бројни шпекулации.

По разводот од Стојковиќ, Бојана започнала врска со бизнисменот Бранислав Ѓурѓевиќ, но нивната среќа ја расипале шпекулациите дека таа наводно имала афера со него додека се’ уште била во брак со голманот, а Бранислав им бил близок заеднички семеен пријател.

Но, страстите стивнаа, а Бојана и Бранислав се венчале во дневната соба од семејната куќа на Ѓурѓевиќ во Бежанија, на интимна церемонија, само во присуство на неколку од најблиските членови на семејството и неколку пријатели. Во ноември 2015 година го добиле и синот Вукашин.

Бојана Рајиќ Ѓурѓевиќ денеска живее мирен и затскриен семеен живот, а на 41 година решила да се запише на приватен факултет и да се посвети на образованието, така што сега е бруцош.

Фото: Инстаграм принтскрин/bojanarajic

Останати вести од Радио Милева